За Оптика Филос

Оптика Филос е прва приватна очна оптика во Куманово која своето реноме и углед го темели на семејна традиција. Настанува како резултат на еден сон, на една убава визија на г-дин Арсен Илиевски. Тој уште од далечната 1987 год. влегува во тајните на овој занает, кој што несебично им го има пренесено на своите синови Ненад и Стефан кои успешно чекорат по стапките на својот татко. Денес после долгогодишно искуство и работа, отворено е уште едно продажно место "Filos Fashion" кое се наоѓа во строг центар на градот.

Благодарејќи на големата понуда, Филос е во позиција на своите клиенти да им понуди широк асортиман од светски познати брендови на очила за вид, очила за сонце, накит и часовници. Ви нудиме внимателно одбрани производи со проверен квалитет следејќи ги најстрогите критериуми на струката и естетиката.

Редовно ги следиме најновите трендови и достигнувања во оптичката технологија, посетувајќи ги најреномираните европски саеми и разменувајќи искуства со најголемите компании во оваа област. Постојано инвестираме во современа опрема и ги имплементираме највисоките европски и светски професионални стандарди. Сите проблеми со Вашиот вид ги решаваме квалитетно и стручно.

Наша цел е да воспоставиме професионален и ефикасен однос со клиентите, нудејќи им услуги со кои ќе заштедат време и пари.
Предизвик за нас е да одговориме на барањето на купувачите и секогаш да одиме чекор напред во препознавање на нивните желби.

Вашиот вид го заслужува најдоброто!
Дојдете и уверете се сами.

Со почит, Вашата Оптика Филос.