Човечко око

Човечкото око е парен орган кој делува слично како кај фото апаратите и видео камерите: проѕирните предни делови на окото ги кршат светлосните зраци проектирајќи намалена и превртена слика на фотоосетливата мрежница каде во специјалните нервни ќелии настанува превртување на електричните нервни импулси.

Окото е најважно човечко сетило, бидејќи преку него ние примаме 80% од сите информации во околината. Овозможува свесна перцепција на сетилата, видот покрај се овозможува и разлика на бои и длабочина. Човечкото око има виден агол од 200 о и може да разликува 10 милиони нијанси на бои.
Секое око активира по три пара очни мускули: два пара рамни и еден пар коси мускули. Очното јаболко го активира окото во сите три оски. Очното јаболко има три обвивки. Надворешниот дел го сочинуваат бело-полупровидна, белката и проѕирна рожница. Белката му ја дава на окото потребната цврстина и облик. На неа се спојуваат надворешни очни мускули.

Covecko oko

Подлабоко од белката е средна очна обвивка или увеа, која ја сочинуваат крвните садови, ирисот и цилијарното тело. Таа е покриена со многу крвни садови. Крвните садови содржат пигмент кој спречува пробивање на светлоста во очното јаболко на било кое место освен зеницата.
Бојата на ирисот зависи од количината на пигментот: колку е во поголеми количини пигментот, толку окото е потемно-најповеќе пигмент содржат темнокафеави ириси, потоа светлокафеави, зелени, најмалку-пигмент имаат плавите ириси.
Албино луѓето во своите очи немаат пигмент и нивните ириси се проѕирни, поради одраз на светлината од крните садови на ирисот, крвните садови и мрежницата ни се чини дека нивните ириси се сивкастоцрвени. Внатрешниот слој на очното јаболко го сочинува мрежницата која има два дела: оптичко и слепо. Мрежницата е полупроѕирна мембрана составена од четириесет врсти на нервни ќелии. Дел од мрежницата одговорен за острината на видот е жолта точка. Жолта точка е средниот дел од мрежницата каде нервните ќелии се најгусто распоредени. Покрај жолтата точка се наоѓа почетокот на видниот нерв кој е неосетлив на светло, па неговата проекција во видното поле се нарекува слепа точка. Содржината на очното јаболко го сочинуваат очната вода, леќа и стаклесто тело.