Функција и аномалии

Нашите очи се наш поглед кон светот. Добриот вид ни овозможува да го разбереме нашето опкружување и да во целост го доживееме животот. Видот е најбитен од сите сетила. Проблемот со видот директно влијае на квалитетот на нашиот живот: дали ќе пробаме да видиме колку е часот на замаглениот будилник секое утро или ќе бидеме приморани да носиме контактни леќи. Рефракционата хирургија може да ги елеминира тие проблеми, да обезбеди подобар вид и да ни овозможи поенергичен и поактивен животен стил.
Низ човечкото око со нормален вид, светлосните зраци додека поминуваат се прекршуваат, односно рефлектираат, преку две главни закривени површини: рожница и леќа. Нивната главна задача е да светлоста ја преклопат точно на мрежницата која се наоѓа на внатрешниот ѕид на очното јаболко. Мрежницата има слична улога како што ја има филмот кај фото апаратот. Таа тој светлостен сигнал го претвора во нервен импулс и преку очниот нерв праќа информација до делот на мозочната кора која е задолжена за видот. На тој начин нашето око се однесува слично како камера која снима филм кој нашиот мозок го чита.

kontaktni leki

Аномалии на видот (Ametropia)

Кај око со нормален вид, рожницата и леќата се распоредени до должината на очното јаболко. Кај повеќето очи ова не е случај и точката во која светлосните зраци се прекршуваат не е на мрежницата.

Кратковидност (Myopia)

Кај кратковидноста не сме во можност јасно да ги видиме оддалечените предмети. Очното јаболко во овој случај е подолго од нормалното или рожницата е позаоблена од вообичаеното. Светлосните зраци се преклопуваат пред мрежницата со што сликата за оддалечените предмети ја прави матна.

Далекувидост (Hypermetropia)

Далекувидните луѓе имаат проблем со гледање на предметите кои се блиску или на пример, со читањето. Нивното очно јаболко е кратко или рожницата е порамна од вообичаеното, така да светлосните зраци се преклопуваат позади мрежницата. Како резултат на тоа, предметите кои се блиску не се гледаат јасно.

Заматен вид (Astigmatism)

Кратковидноста и далекувидоста најчесто се пропратени со астигматизам. Во овој случај рожницата е нееднакво заоблена во различни правци, така да светлосните зраци се преклопуваат различно во различни точки пред или позади мрежницата правејќи ја сликата матна или искривена на далечина или близина.

Старечка далекувидост (Presbyopia)

Многу од луѓето се подложни на далекувидост која е поврзана со стареењето. Острината на видот на блиску со времето се намалува така да на многу луѓе после четиридесетата година од животот за читање им се потребни очила. Ова се случува, бидејќи со текот на времето очната леќа старее и ја губи еластичноста и способноста за прилагодување. Бидејќи причината на presbyopia не е должината на очното јаболко или неправилен облик на рожницата, третман со ласер дава одредени резултати. Доколку имате старачка далекувидост, консултирајте се со својот доктор за можните третмани кои можат да го подобрат вашиот вид.