Хуманитарна Акција

Хуманитарна Акција за Никола Вулетиќ

Оптика ФИЛОС и Црвен Крст Куманово организираат хуманитарна акција за собирање средства наменети за натамошното лекување на малиот Никола Вулетиќ.

-Да бидеме хумани и донираме од срце.

-Да рециклираме да биднеме одговорни за нашата животна средина.

-Да се едуцираме како да го заштитиме нашиот вид.

-Да се забавуваме во нашата детска креативна работилница.

Оваа акција е со цел е да се приклучиме на сите хумани сограѓани воедно да биднеме друштвено и општествено одговорни спрема нашата животна средина. Во склоп на Оптика ФИЛОС формиравме детска роботилница во која може да дојде секое дете секој ден од 13h h до 18h да се забавува и да изработи креативна ракотворба од рециклирани очила и стакла.

Рециклирајте и донирајте од срце.

Вашите стари очила кои не ги користите не ги фрлајте или чувајте безпотребно, донесете ни ги нам донирајте од срце и добијте подарok.Кретивните ракотворби ќе ги изработуваат дечиња и волонтери на Црвен Крст во детската работилница.При секое рециклирање и донирање добивате ваучер за попуст при купување на очила за вид или за сонце и едукативен материјал како да го заштитиме видот.

Со секое купување на сите наши артикли донирате 100ден за време на хуманитарната акција. Средствата за донација се донираат во нашите продажни салони во хуманитарни кутии на Црвен Крст наменети за Никола Вулетиќ. Собрани средства од донациите ке бидат донирани на жиро сметката наменета за натамошното лекување на Никола Вулетиќ. За дополнителни информации на нашиот вебсајт www.optikafilos.com или на нашата фан-пејџ на Facebook.

Да се забавуваме и да ја покажеме нашата хуманост. Малите работи го прават човекот голем. Некогаш една капка вода може да ја наполни чашата, чаша со живот, чаша со надеж, чаша со среќа...

Акцијата трае од 14.04.2014 до 19.04.2014

Донирањето може да се изведе и на следниот начин:

ДОНАЦИСКИ БРОЈ НА Т-МОБИЛЕ: 070-143-115

ДОНАЦИСКИ БРОЈ НА ВИП: 077-143-133

Жиро сметка: 300097024332971

Комерцијална банка АД Скопје, на име Никола Вулетиќ

Полномошник: Горан Вулетиќ

Адреса на живеалиште: ул. Тричковиќ бр. 19/9 1300 Куманово

Мобилен телефон: 070-424-023