Изработка и сервис

Оптика Филос во своето малопродажно место е опремена со софистицирана работилница во која се врши изработка и монтажа на сите видови стакла, како и целосен сервис на било каква рамка. Благодарејќи на најсовремената технологија на "Briot" и "Visionix" во можност сме да за најкраток временски рок од 30 минути Вашите очила по Ваша потреба и мерка бидат готови.

Во нашата работилница може да ги добиете следниве услуги:

  • - Дигитално мерење и центрирање на диоптријата и степенот.
  • - Автоматско скенирање на рамка.
  • - Изработка и монтажа на стакла со најсовремена технологија.
  • - Изработка на полна рамка, рамка на конец, бушење и полирање.
  • - Поправка и исправување на оштетена рамка.
  • - Промена на конец, штрафчиња, носници.
Optika Filos