Контактни леќи

Што се всушност контактните леќи? Контактна леќа е медицински производ изработен од силиконски или пластичен материјал кој се става на површината на рожницата, а е наменет за корегирање на видот, како што е кратковидост, далекувидност, астигматизам и пресбиопија. Денеска изборот на контактни леќи е навистина богат и разновиден, но можат да се поделат на неколку категории, со оглед на тоа од кој материјал се изработени и времето потребно за нивна замена.

Тврдите контакни леќи се изработени од тврд материјал. Претходно се користеа тврди леќи изработени од PMMA материјал кој не пропушта кислород. Денеска таквите контактни леќи се заменети со новиот материјал тврди гас пропустливи леќи (RGP = rigid gas permeable), кои пропуштаат голема количина на кислород до рожницата.

kontaktni leki

Тврдите гас пропустливи леќи GP се изработени од цврст материјал на база на силикон и флуоросиликон. Лесно се местат, вадат и одржуваат. Во својот состав не содржат вода, така да липидите и протеините од солзниот филм многу помалку се таложат на површината на контактните леќи. Гас пропустливоста кај новиот материјал за GP леќите е многу висока, така да самата рожница ќе има доволно кислород потребно за нејзиното здравје. Некои истражувања покажале дека со носењето на RGP контактните леќи може да се спречи порастот на кратковидноста кај децата и тинејџерите , така да тие се добар избор за таа старосна популација. Доколку до сега не сте носеле RGP контактни леќи ќе Ви требаат 2-3 недели за привикнување. Исто така, да би ја достигнале максималната удобност ќе треба да ги носите секојдневно. Временските паузи од неколку дена бараат повторно одредено време за навикнување. Најдобро е да се држите до упатството кое Ви е дадено при обуката за безбедно носење и користење на контактните леќи.

Меките контактни леќи се изработени од материјал кој во својот состав содржи вода. Таквите леќи се како желатин и обликот им се прилагодува спрема окото. Поудобни се за носење, а постојат различни врсти, зависно од режимот на замена. Најважна карактеристика на заменските меки контактни леќи е носењето одреден временски период, после кој се фрлаат и заменуваат со нов пар. Денеска во светото таквите контактни леќи најмногу се користат. Поедноставни се за одржување на нивната хигиена – доволно е да ги негувате со сите популарни повеќенаменски раствори, а се заменуваат со нови секој ден, месечно итн. (зависно од видот на леќите и препораката од офталмологот). Протеинските и липидните наслаги во тој краток период , со секојдневна нега со течностите за леќи, не стигаат да направат проблеми. Најпријатни се за спортисти и сите кои сакаат помала грижа за самите нив, за луѓе со брзо и енергично движење.

Типови на леќи, течности за леќи и вештачки солзи во Оптика Филос