Најчести проблеми

Најчести проблеми кои можат да се појават се : замор, заматеност, воспаление, сувост на окото. Понекогаш пред Вашите очи може да се појават точки. Сето ова, во принцип се чести состојби која по правило се сами поправаат, но во случај да ова потрае подолго задолжително консултирајте се со специјалист офталмолог.
Очите можат да се заморат, а видот да се замагли ако сте подолго време пред компјутер или гледајќи телевизија. Употребата на компјутер нема да биде причина за трано оштетен вид, но може да доведе до одредени непријатности. Доколку и порано сте имале проблем со очите кои не сте ги излечиле, со употребата на компјутер Вашите очи додатно ќе се се напрегаат, а видот ќе ви биде заматен. Доколку сте концентрирани на работа пред компјутер или на гледање телевизија, ретко трепкате, како последица на тоа Вашите очи се суви, тоа со текот на времето созадава проблеми...

Појава на точки пред очите

Точките како дамки кои понекогаш ги гледате пред Вашите очи многу се чести и иритантни, но се прилично безопасни. Можете да ги имате подолго, но по правило спонтано исчезнуваат. Понекогаш точките пред Вашите очи можат да биднат знак на нешто озбилно - ако гледате нови точки или изненадно и делумно го изгубите видот, тоа може да бидат знаци дека Вашите очи се во опасност - веднаш посетете офталмолог.

Треперење на очите

Блефароспазма е неволно грчење на мускулот кое обично е резултат на замор или стрес. Треперењето на окото е честа состојба, кое често се повторува, вообичаено на исто око или на истиот простор околу очниот капак. Вие можете грчењето да го осетите како многу јако , но луѓето во Вашата околина нема да забележат промена, освен ако не им кажете да гледаат директно во Вашето око. Решение на ваквиот проблем е да отидете на спиење што е можно порано. Секако доколку проблемот трае подолго, побарајте помош од офталмолог.

Замаглен вид ноќе или поради слаба количина на светлост

Постојат многу причини поради кои видот може да ви се замагли ноќе. На пример, уморни сте од работа и Вашите очи се уморни. Доколку сте далекувиди или имате астигматизам, во текот на денот тоа ќе може да го компензирате, но кога очите ке Ви се изморат, вашиот вид станува заматен. Може да се случи да сте малку кратководни. Тоа нема да Ви смета на дневно светло, тоа ќе го осетите во недостиг на светлост. Посетете го офталмологот и проверете ја вашата диоптрија. Уште една од причините поради која може Вашиот вид да биде заматен е сувост на очите. До тоа доаѓа најчесто доколку цел ден сте го поминале во близина на радијатор или клима уред, како последица на тоа Вашите солзи се исушени, но по неколку трепкања би требало да се прочистат Вашите очи.

Стаклени очи

Вообичаено се јавува како мала инфекција на очниот капак, која предизвикува иритација при будење т.е. појако лачење на солзите. Сувите очи ги предизвикуваат многубројни фактори: општата здравствена состојба, влијание на околината, лекови. Сувоста на очите предизвикува создавање на солзите, но може да станува збор за блага алергиска реакција, страно тело во окото и сл. Подобро би било да го посетите Вашиот лекар и да го проверите точниот причинител на проблемите.

Спречете го напрегањето на очите

Проблемот на сувите очи, односно намалување на ризикот од појава на умор или воспаление на очите додека читате или го користите компјутерот , најдобро се решава со редовно одмарање, односно повремено гледање во предмети кои се на различна раздалеченост во просторијата.