Очила - Оптика Филос

Потребни Ви се очила? Диоптриски или очила за сонце? Дали посакувате перфектен вид и рамки кои се во тренд? Изберете некој од нашите модели во нашата понуда и разликата ќе ја приметите Вие и луѓето околу Вас!

glasses

Правилно избраните очила може да бидат и моден детал, средство за нагласување на Вашиот стил. Без разлика дали се диоптриски, очила за сонце или очила со обични стакла, правилен избор на обликот и бојата ќе сторат Вашето лице да биде позанимливо и попривлечно. Огромниот избор во Оптика Филос гарантира дека ќе изберете очила кои ќе ги носите со радост, полни со задоволство при секој поглед во огледало. Во различен ранг на цени, сите наши очила имаат нешто заедничко - квалитетни се и модерни. Поради голема понуда, Вашиот избор нема да биде едноставен, но дефинитивно ќе биде прав. Очилата за сонце од познатите светски дизајнери прават да изгледате добро. Дури и најефтиниот пар на очила, позади кои стојат знаење и естетика на врвен бренд, неизоставно ќе измамат реакција од околината. Тие се моден детал и одат на секаков вид облека.

Сите најнови модели на диоптриски очила и очила за сонце, на најпознати светски брендови, како и сите останати наши производи и услуги Ви ги нудиме на две ексклузивни локации во градот. Посетете ги нашите продажни објекти, испробајте повеќе модели и одлучете се за оние кои најмногу Ви одговараат.

Доколку носите диоптриски очила, не значи дека не можете да носите и очила за сонце. Ние сме тука да Ви помогнеме. Диоптриските стакла можат истовремено да бидат и сончани. Постојат повеќе опции. Можат да се изработат:

  • Обоени диоптриски стакла (100 % УВ заштита),
  • Обоени полароидни стакла (100 % УВ заштита + потполна елиминација на одблесокот од рамни површини),
  • Обоени стакла со антирефлексен слој (100 % УВ заштита + заштита од електромагнетни зрачења, спречува маглење, задржување на вода...).
  • Обоени полароидни стакла со антирефлексен слој (100 % УВ заштита + потполна елиминација на одблесокот од рамни површини + заштита од електромагнетни зрачења, спречува маглење, задржување на вода...).
Избор спрема лицето

Со помош на љубезен персонал кој ќе Ви помогне да изберете идеална рамка, решете го Вашиот проблем брзо и практично, нашиот тим се состои од стручни лица кои можат да Ви помогнат при сите прашања за очилата и здравјето на Вашите очи.

Правилно одржување

Нашата соработка со Вас, не се завршува со продажбата на очилата, со големо задоволство ќе Ви пружиме редовна контрола на очилата, подесувања и сервис. Нудиме најпрестижни модни марки: Police, RayBan, Oxydo, Sferoflex, Vogue, Armani, Gucci, Ferre, Missoni, Jaque Leman, Piere Cardin, Dior, MaxMara, Fendi, Burbery, Guss, Gant, Iceberg, Persol, Avanglion.

Како да изберете идеални рамки за Вас

Одредете го обликот на своето лице и научете неколку едноставни правила како најдобро да го ускладите обликот на лице со рамките на очилата.

За почеток земете во предвид три најбитни правила:

  1. Рамките на очилата треба да бидат во контраст со обликот на Вашето лице.
  2. Пропорциите на очилата мора да бидат во склад со пропорциите на лицето (да не се преголеми или премали).
  3. Рамките треба да бидат во склад со некоја карактеристика на Вашето лице која сакате да ја истакнете (на пример плави рамки истакнуваат плави очи).

Постојат седум основни облици на лица: тркалезно, овални, издолжени, триаголни, срцолики, облик на дијамант и коцкасти.

face types
Тркалезно лице

За да ги намалите округлите линии на лицето, испробајте очила со рамни, коцкасти рамки. Лицето ќе изгледа послабо и поиздолжено.

Овално лице

Се смета за совршен облик за сите рамки. Сепак, за да ја нагласите природната убавина на овалното лице, изберете рамки кои се еднакво широки или малку пошироки од лицето и се со издолжен овален облик.

Издолжено лице

Обично е тесно, има силно нагласени јаболчници и понекогаш издолжен нос. За да лицето изгледа пократко бирајте полни рамки, кои се во боја за да лицето добие на длабочина. За носот да изгледа пократок, мостот на очилата нека биде пократок.

Триаголно лице

За лицето да биде во рамнотежа, најдобро е да се нагласи горниот дел од лицето, местото околу очите. Затоа одберете очила со малку подебели, цврсти рамки. Добро ќе прилегаат очила со облик на мачји очи.

Срцелико лице

Ваквото лице има пошироко чело и шпицеста брада, па не е потребно да се нагласува дополнително горниот дел од лицето. Одберете тенки рамки со дискретна боја и полесен материјал или очила без видливи рамки.

Облик на дијамант

Стеснето во подрачјето на слепоочниците и вилицата, со високи и нагласени јаболчици. Ваквиот облик на лице е најредок. За истакнување на очите се користат рамки кои имаат нагласен и задебелен горен дел кој го покрива подрачјето со веѓите. Добро ќе прилегаат и овални рамки или рамки во облик на мачји очи.

Коцкасто лице

Изразена вилица и широко чело се карактеристики на коцкастото лице. За да го издолжите лицето и омекнете аглите и линиите, пробајте со тесни, издолжени рамки кои имаат повеќе ширина отколку длабочина. Добро ќе прилегаат и издолжени овални рамки.

Со овие ситни но битни правила, елиминирајте го она што не Ви одговара, а пробајте го она што Ви одговара. Дозволете ни врз основа на нашето долгогодишно искуство, да Ви препорачаме најадекватен облик и тип на очила кои одговараат баш на Вас. Тоа ќе го направиме професионално и пријателски.

Користите наменска течност за чистење на леќите и крпа од еленска кожа или микрофибер. Избегнувајте контакт на очилата со агресивни течности како што се ацетон, разни разредувачи, лакови и лепак затоа што можат трајно да Ви ги оштетат леќите. За бришење немојте да користите конфекциски материјали, хартија и др. Редовно проверувајте дали сите штрафови се доволно стегнати да не би дошло до демонтирање на истите.

Чување:
Тврдата футрола е најдобро место за чување на очилата кога не се во употреба. Во случај да не ги ставате во футрола, немојте да ги оставате на работни површини, седишта и никако немојте да ги оставате очилата така што леќите би дошле во контакт со некоја површина. Високите температури исто така може да ги оштетат и деформираат Вашите очила и леќи! Затоа немојте да ги изложувате на температура повисока од 80 °C.

Напомени:

  • - Вашите очила секогаш употребувајте ги по совет и упатство од вашиот лекар – офталмолог!
  • - Очилата за близина никогаш немојте да ги користите за гледање на одалеченост поголема од 40 cm!
  • - Биднете претпазливи при дневни активности каде може да се оштетат вашите очила.
  • - Кога ги симнувате очилата секогаш држете ги за двете рачки.
  • - Ако очилата ви се искривени и не “легаат” како што треба посетите не нас или Вашиот оптичар, повторно да се подесатџ.

Никој со сигурност не може да потврди каде настанале првите очила и од кога се во употреба. Се спомнуваат двајца луѓе, а тоа е англичанецот Bejkon 1290 година и италијанецот Alesandro 1300 година. Воглавно се претпоставува дека се ова двајца луѓе кои биле претставници или биле вклучени во работата на црквата. Во тоа време тие две конвексни кристали монтирани на нос им служеле за работа во нивните ракописи и преписи. Во 1268 год. англискиот филозоф Rodzer Bejkon прв ја спомнал употребата на очила. Во древна Кина лупите се вградувани во рамки уште во десетиот век. Во Европа италијаните биле први кои ги користеле очилата во својата изворна функција. Постојат доста портрети од средниот век како луѓето сликаат со очила. Први бифокални очила се направени по желба на Bendzamin Frenklin во 1760 година. Во почеток оптичките стакла се правени за кратковидност и далекувидост. Веќе кон крајот на 19 век е почнато со користење на цилиндрични леќи за решавање на астигматизмот.

first glasses

Порано постоеле повеќе модели:

  • - Монокл – едно стакло вметнато во округла рамка која физички се држела пред окото
  • - Очила – две округли стакла во метална рамка која се носела на носот
  • - Дамски монокл – едно стакло во рам од различен дизајн со метална, пластична или рачка од слонова коска кои дамите ги ставале и симнувале по потреба и во склад со манирите на тогашниот свет...

Покасно развојот на очилата во дваесетиот век се убрзува и развива по идеите на сите светски дизајнери. До денешниот ден очилата трпат само мали козметички и естетски промени, а својата форма и матeријали воглавно се задржани. Што не чека во иднината што доаѓа ? Бидете со нас и верувајте ни дека редовно и благовремено ке Ве информираме и сето тоа интерактивно ќе Ви го претставиме.