Привикнување на очилата

Носењето очила може неволно да го прифатат и децата и родителите. Затоа при препишување на првите очила офталмологот треба да го припреми и детето и родителите. Иако многу ретко, со првиот роденден може да се препишат и првите очила. Што е детето помало полесно ги прифаќа првите очила затоа што воглавно има само еден критериум, а тоа е добриот и лошиот вид. Кај повозрасните деца поради сопственото сфаќање значајно влијание има и околината – врсниците во градинката или училиштето. Повеќето може да се чувствуваат хендикепирано, но ако се прифатат (и покрај својата основна намена) како моден детал, еве добра прилика да се биде модерен, различен, занимлив... Очила во разни бои, округли или квадратни, понекогаш необични дури и екстравагантни, во склад со бојата на косата или облеката.

Кога се избираат очила треба да се пази тие добро да “лежат”, да не го притискаат носот ниту главата, рачките да се точно позади ушите, да не паѓаат и да не гледа детето преку очилата. Попрактични се мали очила (посебно кај поголема кратковидност), лесни пластични или тенки метални.
Препорака до родителите е при купувањето да одберат повеќе очила, а самото дете пред огледало одлучи спрема својот вкус со Вашата сугестија за кои ќе се одлучи. Кога ќе се почне со носење на очилата, тие се носат додека детето е будно, освен во исклучителни околности. Само доколку се работи за високи или комплицирани диоптрии може да се појават потешкотии на кои Вашиот офталмолог треба да обрне внимание. Носењето очила и гледањето преку диоптриското стакло создава сосема друга слика на светот од онаа на која е детето навикнато, но тоа бргу се адаптира со постојаното носење на истите. Повременото вадење на очилата да се “одморат” очите е непотребно, некогаш и штетно доколку со носењето се лечи страбизам и слабиот вид.

Научете го Вашето дете пред одење во кревет, да си ги стави очилата во нивниот “кревет” во футролата, секогаш да бидат чисти и да ги чуваат како играчките или книгите. Не лутете им се на децата доколку ги скршат, иако се скапо платени.

Child with glasses

Од Children’s Physician Network Ви нудат предлози кои би можеле да Ви го олеснат привикнувањето.

  1. Нека детето само си ги избере очилата, а Вие секако пофалето го како добро му стојат.
  2. На почетокот може да ги носат и кратко, додека да се навикнат.
  3. Поттикнувајте ги да ги носат очилата додека работат нешто во што уживаат, на пример додека гледаат цртани филм или ја листаат омилената сликовница.
  4. Не им приговарајте затоа што не ги носат очилата, туку секогаш пофалете ги кога ќе ги стават.
  5. Носењето очила мора да стане секојдневна рутина, како миењето заби и облекувањето, објаснете им го тоа.
  6. Спомнете им ги спортистите, глумците, пејачите или членовите на семејството кои носат очила.