Проблеми со видот

Проблемите со видот мораат да се лечат на време, бидејќи така шансите се поголеми проблемот на време да се ублажи или дури и потполно излечи.

Понекогаш малите бебиња, стари само неколку месеци, мораат да носат очила. За почеток треба правилно да се изберат очила кои треба да останат на главата. Затоа што кај бебињата коренот на носот не е изразен, очилата треба да имаат силиконски папучици, како подобро би “лепеле”. И секако, леќите мораат да бидат од материјал кој не се крши. Горниот раб мора да оди на линиите на веѓите да бебето не би можело да гледа преку очилата. Очилата мораат да биднат од еластичен материјал како би биле поудобни и како не би паѓале од ушите. Сфатете го тоа како потребно.

problemi-so-vidot

Размислете и сами, пореметувањето на видот кое не се лечи може да стане само полошо. Очилата ќе му го олеснат животот, подобро ќе гледа и полесно ќе се запознава со светот околу себе. Грешки кои треба да се избегнуваат по секоја цена е да Вашето дете носењето на очила не смее да го доживува како хендикеп (на пр. “Пази, ќе паднеш и ќе се повредиш од очилата”). Очилата не треба да го условуваат истражувачкиот дух на детето. Исто така многу голема грешка на родителите е во случај ако Вашето дете мора стално да ги носи очилата, немојте да го терате да ги вади да би го сликале или кога доааѓаат гости.