Рециклажа

REcycling

Сите се трудиме да бидеме одговорни спрема нашата околина и природата која не опкружува. Во можност сме да Ви понудиме единствена понуда за оптички производи. Вашите користени очила ги рециклираме на одговорен начин. Ги раставуваме на нивните составни делови: рамки, носници, мостот на рамките, диоптриски стакла или пластика и тие делови доколку е можно ги искористиме и на други корисници бесплатно замениме. Она што не може на правилен начин го рециклираме.

Вашите стари очила кои не ги користите, не ги фрлајте или чувајте беспотребно, донесете ги нам и обезбедете си убав попуст од 10% на нова диоптриска рамка по Ваш избор! Ќе се сложите дека оваа акција е општествено одговорна, практична и финансиски исплатлива, како на Вас така и нам како одговорни трговци.