Стакла

Оптика Филос во својата понуда има најголем избор на корективни леќи од различни светски производители, со врвен квалитет и изработка. Тоа се сите врсти на минерални и органски леќи и тоа: монофокални, бифокални и прогресивни леќи.

Прогресивните леќи за пресбиопи претставуваат современо и естетски прифатливо решение бидејќи преодот од блиску и далеку е неприметен. Прогресивите се достапни во неколку варијанти. Office се користат за работа во затворен простор за далечина од 3-4 метри, додека опцијата Active на динамичните луѓе им овозможува учество во спортски и физички активности заради проширеноста на видното поле и периферниот дел. Најсовременото решение за проблемот на пресбиопите се прогресивните FreeSense леќи, каде што со адекватниот софтвер, користејќи ги специфичните податоци за корисникот како што се диоптријата, растојанието на зениците, висината на вградување и избраните очила, се врши дизајн и производство на леќи кои претставуваат најдобро можно решение за секој корисник поединечно како единствениот отпечаток од прст.

stakla

Монофокалните леќи се наменети за корисници чиј проблем е кратковидност или далекувидост, и на луѓето кои им се потребни очила за блиску, а кои сепак носат и очила за далеку.

За случаите со поголема диоптрија оптика Филос има разни видови на многу тенки и лесни високоиндексни леќи, а за очилата на бушење во понуда се леќи со висока цврстина (Trivex), изработени се од материјал кој обезбедува трајност и сигурност. Фотоосетливите се безбојни корективни леќи кои под влијание на сончевите зраци потемнуваат и обезбедуваат потполна UV заштита за окото. Достапни се како gray и brown, и се одликуваат со голема брзина на реакција на промена на светлината, поради што на корисникот му обезбедуваат максимален комфор во сите услови (во затворен простор, на сончево време или облачно). Различните начини на изработка, на корективните офталмолошки леќи може да се прилагодат и на други посебни потреби на корисникот, така да на нив може да се додаде заштитен слој против гребење, multicoat антирефлексен слој за подобрување на квалитетот на сликата, или заштита од UV зрачење кое е посебно значаен за особи кои многу време проаѓаат пред компјутери.

Од сите останати видови на корективни леќи можете детално да се информирате во нашата оптика, како и да се посоветувате со нас за тоа кое решение е најпогодно за Вас.

Видови на стакла во Оптика Филос