УВ Заштита

Три четвртини од родителите го ризикуваат видот на своето дете така што без соодветна заштита ги изложуваат на јаки сончеви зрачења. Собраните податоци од 2000 родители покажуваат како една третина не купуваат очила за сонце на децата, објавуваат од College of Optometrists. Половина од родители кои сепак купуваат очила за сонце на своите деца најважен фактор им е цената, а не квалитетот.

Најголем ризик за оштетување од прејако сончево зрачење им прети на децата со светла боја на очите, а посебно се однесува на мрежницата и леќата на очите. Претераната изложеност на јаките сончеви зраци е поврзана со големиот ризик за катаракта и сенилна макуларна дегенерација, водечката причина за загуба на видот во старата животна вораст.

Uv zastita