Заштита на видот

Очите се огледало на душата! Потрудете се да останат прозрачни и здрави!
Што се однесува до негата на телото, очите се помалку заборавени. Сите знаеме што да јадеме за здраво срце, како правилно да трчаме за подобар кардиоваскуларен систем, но како да ги заштитиме очите од стареење и штетни фактори?

Ова се 5 едноставни чекори со кои можете да спречите болести и осигурате добар вид:

  1. Јадете правилно

    Лошата исхрана е извор на бројни болести, така да за зачувување на добриот вид треба да внимаваме на намирниците кои ги внесуваме во организмот. Стручните лице советуваат што помалку црвено месо, а што повеќе риби богати со омега-3, на пример лосос или туна. Избегнувајте заситени маснотии и наместо сончогледово масло користите маслиново. Јадете храна која изобилува со антиоксиданси, зелена салата и спанаќ.
  2. Заштита на очите од сонце

    Преголемото изложување на директна сончева светлина може во повозрасните години да предизвика катаракта па дури и слепило. Затоа очите соодветно заштитете ги пред излегување на сонце. Најефективни се очилата за сонце со затемнети стакла и UV заштита.
  3. Заборавете на цигарите

    Пушењето го зголемува ризикот од очни болести и други проблеми со видот. Исто така негативно влијае на вените, така што очите не добиваат доволно кислород.
  4. Редовните прегледи се важни

    На првиот преглед треба да се оди уште од мали нозе, но исто така тоа зависи и од фамилијарната историја на очни болести. После 60 години прегледот е потребно да се изврши еднаш годишно, затоа што шансите од очни болести тогаш се поголеми. Еднакво како што редовно посетувате стоматолог истотот треба да важи кога се во прашање и вашите очи. Посветите им доволно внимание, затоа што само така на време ќе откриете и спречите потенцијални болести.